Tuesday, May 5, 2020

Angliski jazik - 8v - podracno (04-08.05.2020)


Учење од дома
Период: 04-08.05.2020
Училиште: Димитар Поп Георгиев - Беровски (подрачно Хром)
Наставник: Александра Климоска Цветаноска
Предмет: англиски јазик
Одделение:  (8в)

Цели:
1. Читање со разбирање;
2. Пишување краток текст  како тој што го прочитале.

Активности:
1. Учениците треба да прочитаат текст, да извлечат клучни и непознати поими од текстот;
2. Користат интернет речник/ речник да ги објаснат или преведат поимите;
3. Пишуваат текст како тој што го прочитале.

Учебник страна 91

Домашна задача: насоки подолу во документот

КВИЗ (линк и објаснување подолу во документот)

* Задачите треба да се завршат до 08.05.2020 (петок)!
* Задачите ги решавате во тетратка или на компјутер.
* Домашните задачи треба да се испратат на емаил: aklimoska@gmail.com

ВАЖНО!
САМИ РЕШАВАЈТЕ ВЕЖБИ! ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ Е НАЈВАЖНО! И ОД ГРЕШКИТЕ СЕ УЧИ!


1. Учениците треба да прочитаат текст, да извлечат клучни и непознати поими од текстот;
2. Користат интернет речник/ речник да ги објаснат или преведат поимите;

На страна 91 во учебникот има текст со наслов Useful information (слика во прилог за тие што немаат учебник)
Вашата задача е да го прочитате текстот и како што правиме на час, да извлечете непознати или клучни поими од текстот. Запишете си ги во тетратка Key words/ Key vocabulary. Користете помош од речник/наставник/ другарче доколку не можете да го откриете значењето на некој збор. Темата на овој мини проект Coursework 4 Интересни податоци што може да ви се потребни доколку патувате во Велика Британија.



Домашна задача:
Вашата задача ќе биде да напишете текст како тој што го читавте, но за Македонија. Вие треба да му посочите корисни информации на некој што би сакал да ја посети нашата земја. Вашиот текст треба да ги содржи истите наслови како овој од учебникот, значи треба да има 6 различни пасуси (делови). Секако може да ги користите сите достапни ресурси. Задачата треба да ја испратите на мојот емаил. Може да ја напишете во тетратка, па да сликате. Може да ја напишете во word документ па да збогатите и со слики. Бидете креативни.


Квиз за VIII одд
Ова ќе биде пробен квиз. Доколку успешно го реализираме ќе направиме и уште еден. Овој квиз е на само една тема од граматика.

Квизот ќе ви биде отворен до петок- 08 Мај до 12:00 часот.

Еве како да пристапите кон решавање на квизот:

Отвори ја следната веб страна:

quizizz.com/join?gc=617026

Ќе се отвори следниот прозорец:
Во полето Enter your name-
Задолжително напишете ваше име, презиме и одделение.
Не пишувајте кратенки!
Потоа кликнете на зеленото копче Start game.
Ќе ви се отвори следниот прозорец:

Изберете ја опцијата Skip for now. Нема потреба да се прави акаунт но ако сакате може да си направите.

По ова квизот ќе започне.

Важно! Не се најавувајте повеќе од еднаш!

На крајот од решавање на квизот ќе ви се прикаже на екранот со колкава точност во проценти сте го решиле, колку точни, а колку пргрешни одговори сте дале. Еве како ќе ви се прикаже на крај:




Засега како пробен квиз нема да има оцени, но ќе може да си ги проверите резултатите. Се надевам сите ќе успеете да го решите квизот. Оние кои во иднина нема да се вклучат во решавањето на вакви квизови/тестови, ќе добиваат негативни поени.
Квизот може да се решава и на мобилен телефон.



Thank you for your assignments!
Teacher
#stayhome #staysafe


No comments:

Post a Comment

Add caption