Учење од дома
Период: 04-08.05.2020
Училиште: Димитар Поп Георгиев - Беровски (подрачно Хром)
Наставник: Александра Климоска Цветаноска
Предмет: англиски јазик
Одделение: (6в и 6г)
Цели:
1. Да усвојат правила за употреба на глаголот To
Be во минато време;
2. Да ги применат правилата во
вежби.
Активности:
1. Да прочитаат правила за образување на глаголот во
минато време, следат и видео презентација. Потоа решаваат вежби за примена на
глаголот во минато време.
Домашна задача: насоки подолу во документот
КВИЗ (линк и објаснување подолу во
документот)
* Задачите ги решавате во тетратка
или на компјутер.
* Домашните задачи треба да се
испратат на емаил: aklimoska@gmail.com
САМИ РЕШАВАЈТЕ ВЕЖБИ! ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ Е НАЈВАЖНО!
И ОД ГРЕШКИТЕ СЕ УЧИ!
-
Учебник страна 116 и 117
- Линк за видео презентација
-
Линк за правила и игри
Активности:
1. Да прочитаат правила за образување на глаголот во
минато време, следат и видео презентација. Потоа решаваат вежби за примена на
глаголот во минато време.
Откако ги погледнавте двете видеа и
откако прочитавте за правилата и одигравте игра за забава, еве кратко
објаснување на македонски како се образува глаголот To Be во минато време.
Прво, потсетување за тоа како се
менуваше глаголот во сегашно време.
Глаголот се менува според лицето, во
сегашно време
am, are, is. Во
минато време was, were.
Погледнете ја табелата
погоре.
Глаголот се користи да
искаже дејства во минато време, нешто што сте направиле во минатото, на пример
вчера.
She was at home yesterday.
They weren't at school last week.
Кога треба да се направи
негативна форма се додава not, а за прашална форма на прво место доаѓа глаголот To be.
John was hungry.
He wasn't hungry.
Was John hungry? Yes, he was. No, he wasn't.
Домашна задача: Дополнете ја поемата со зборовите There was/ There were
Само домашната ја испраќате на мојот
емаил.
Ова ќе биде пробен квиз.
Доколку успешно го
реализираме ќе направиме и уште еден. Овој квиз е на само една тема од
граматика.
Квизот ќе ви биде отворен до петок- 08 Мај до 12:00 часот.
Еве како да пристапите кон решавање на
квизот:
Отвори ја следната веб страна:
quizizz.com/join?gc=677261
Ќе се
отвори следниот прозорец:
Во полето Enter your name-
Задолжително напишете ваше име, презиме и одделение.
Не пишувајте
кратенки!
Потоа кликнете на зеленото копче Start game.
Ќе ви се отвори следниот прозорец:
Изберете ја опцијата Skip for now. Нема потреба да се прави акаунт но ако сакате може да си
направите.
По ова квизот ќе започне.
Важно! Не се
најавувајте повеќе од еднаш!
На крајот од решавање на квизот ќе ви
се прикаже на екранот со колкава точност во проценти сте го решиле, колку
точни, а колку пргрешни одговори сте дале. Еве како ќе ви се прикаже на крај:
Засега како пробен квиз нема да има
оцени, но ќе може да си ги проверите резултатите. Се надевам сите ќе успеете да
го решите квизот. Оние кои во иднина нема да се вклучат во решавањето на вакви
квизови/тестови, ќе добиваат негативни поени.
Квизот може да се решава и на мобилен телефон.
Thank
you for your assignments!
Teacher
#stayhome
#staysafe
No comments:
Post a Comment